Ugly Models Agency не работи само со грди туку и со сите луѓе со бизарен изглед што може да ги најде.
"Сакаме жените да се дебели а мажите гикови. Ги сакаме екстремно високите и шокантно ниските. Никој не е премногу апстрактен за нашето портфолио. Ние сме грди," пишува на сајтот на агенцијата.
Освен бирањето на грди модели, нивна цел е тие да имаат некаков карактер кој подоцна би можеле да го поврзат со некој клиент. Нивната филозофија е едноставна:
"Секоја убавина може да биде средена во Фотошоп, ама ние сакаме нашиот изглед да има вистински карактер."