Кина им фаќа сеир на МитБастерс

Сегмент од МитБастерс за традиционалниот кинески начин за правење пуканки, неочекувано заврши како тема на сеир меѓу кинеската интернет популација.

На видеото, во кое се тестира идејата за правење пуканки под напон, Адам работи со машината облечен во одело за демонтирање бомби, додека остатокот од екипата снима од зад непробојно стакло.

Иако видеото е објавено на ЈуТјуб уште во ноември, тоа од непознати причини сега стана актуелно во Кина.

Најголемиот сеир е што и ден денес истата машина секојдневно ја користат улични продавачи на пуканки, кои не носат ништо ниту приближно на оделото на Адам.

За дел од кинезите, видеото е уште еден доказ за американската незапознаеност за остатокот од светот.

Еве како истото ова денес изгледа во Кина:



25 јануари 2013 - 12:34