Живот и забава

Најголемиот празен трговски на светот

Пред 7 години Кинезите го отворија најголемиот трговски центар на светот, со вкупна површина за дуќани од 650.000 метри квадратни. До денес имаат издадено само 1 процент од сите дуќани.

Топ листа за безбедно возење

Најдена е музика која може да влијае на подобрување на безбедноста во возењето. Лошo: Coldplay.

Боуви, биди така

Музичката 2013-та не можеше да почне подобро. Кит Ричардс и Том Вејтс почнаа да прават заеднички песни а по една деценија отсуство, на сцената се врати Дејвид факинг Боуви. Не заборавајте, ова е година по онаа во која тотално изгинавме од Гангнам Стајл. Неколку десетици факти за човекот со шарени очи.

Како Даниел Деј-Луис го одби Стивен Спилберг

Пред да стане Абрахам Линколн, Даниел Деј-Луис прво ја одби понудата на Спилберг за улогата. Затоа што ретко кога го одбиваат за улога, Спилберг решил да го зачува одгoворот на Деј-Луис.

Кога таткото ќе најми убиец на синот

На Запад постојат клиники за одвикнување од онлајн игри и други интернет зависности. Во Кина проблемот го решаваат поинаку.

Зависноста со ќотек се избива

Слично на методите на околните цркви, една клиника на Сибир почна да лечи наркомани со ќотек, само не со лопати туку со стап, по цена од 70 евра од сесија.

Топлото чоколадо повкусно во портокалова шолја?

Во најисчекуваното истражување на зимата непогрешиво е заклучено дека - топлото чоколадо има најдобар вкус кога се служи во портокалова или крем шолја.

Месечина за Месечината

Земјата ја има својата лојална Месечина. За да не биде фрустрирана, ќе и донесеме нешто да се врти околу неа.

А прасечко со омега 3?

Комплетно не обрнувајќи внимание на приоритетите на човештовото, научниците создадоа ананас со вкус на кокос.

Приказната за фотокопир архитектура

Сличен проблем како што музичарите имаат со пиратерија на интернет, архитеките имаат со пиратерија на нивните дела во Кина. Моментално еден ист проект се гради на две различни локации во земјата. Пиратската верзија побрзо се гради.

Каде ќе бидете денес во 20 часот и 52 минути?

Школската година започнува на 1-ви септември, лозјето се поткаструва на 14-ти февруари. Ако барате онлајн партнер, тоа се прави денес, на 2-ри јануари, десетина минути пред 21 часот.

Во алкохол обединето кралство

На добар дел од Британците кои во новогодишна резолуција посакале да станат познати и да ги има во весници, желбата им се исполни уште утредента. Конзервативните медиуми ужаснати од тоа колку пијани, искршени луѓе акале по улиците за новогодишната ноќ. Фото сторија инклудинг пијана девојка која држи откорнато дрвце.

Шопинг моловите умираат

Прво ги прежаливме книжарниците а сега интернетот мава во срцето на потрошувачкото општество - шопинг моловите.

Јутјуб чистка на лажни гледања

Музичките елитисти фаќаат сеир откако Гугл реши да зачисти по Јутјуб и да скине 2 милијарди лажни гледања на видео спотови.

Во канцеларија, во Њујорк

Некои од најдобрите канцеларии од стартап сцената во Њујорк. Не се сите во Менхетен и не се сите во облакодер. Ама сите се со многу стил и генерално сè е опуштено.

Среќен Божиќ и долго џвакање

Најголемиот христијански празник е време кога славениците најмногу ги секира - нивната килажа. Истражувачите тврдат дека најдобра одбрана од обилните божични софри е долгото џвакање.

Белгија ја гони Скиентологијата

Белгија го подготвува досега најсериозниот удар врз скиентолозите. Тие цели 15 години се борат државата да не ги стигматизира како култ, а таа во меѓувреме собрала доволно докази да ја гони како криминална организација.

Дрогата штетна за меракот?

Кинеските научници најдоа начин за успешно лечење на зависност од дроги, единствен проблем е што после третманот ја губиш волјата за живот.

Вај из соу дификлт?

За разлика од Словените, Англичаните го немале Вук да им стандардизира едно ефикасно правило за пишување па им останаа д а се мачат со "peak", "peek" и "pique", со "Prefer" со едно, а "proffer" со две "f"... Зошто англискиот е тежок за пишување? Проблемите започнуваат во 6-от век.

Филмовите со највисока оценка за 2012

Првите 5 филмови на листата на Ротен Томатос се документарци, а само еден од годинешните филмови кои добиле 100% од филмските критичари не е документарец.

Пирати на троновите

Со просек од 4,2 милиони симнувања по епизода Игра на троновите е најпиратираната телевизиска серија за 2012-та.

25 филмови зачувани засекогаш

Освен што чува книги, Конгресната библиотека на САД прави и резерва од филмови. Во годинешниот избор има се од вестерн до 115 години стар филм за бокс и Матрикс.

Денот кога новинарството стивна

Во првите 24 часа од масакрот во Њутаун речиси сите медиуми објавија толку многу погрешни информации што не може да се истакне една единствена организација за на нејзе да се истури критиката.

Весниците на бандаж низ цела Европа

Дневните весници низ континентов или се затвораат или пак прават преструктуирања кои во основа се сведуваат на отпуштање, покажува извештајот објавен од француски Либерасион.