Јавниот обвинител на Белгија порачува дека постојат доволно докази Црквата на Скиентологијата да биде обвинета за измама, упад во приватноста, изнудување и практикување илегална медицина.
Доказите се базираат на упадот на полицијата во просториите на организацијата во 2008-ма година кога бил запленета обемна документација за активностите .
Скиентологијата – што значи "учење на вистината" – самата се нарекува "најбрзо растечка религија во светот". Основана е во 1954-та година од Рон Хабарт, човекот кој еднаш изјави "Ако сакаш да направиш малку пари, напиши книга. Ако сакаш да направиш многу пари, направи религија." Денес имаат милиони следбеници во 165 различни земји и 85 седишта низ светот.
Слично на Германија, Белгија одби да ги признае како религија (што им е овозможено во САД, Шведска и Шпанија) во 2007-ма година. Државата се обидува да ги гони како култ но тоа предизвикува сериозни критики првенствено од страна на САД, по што се откажува од таа идеја и наместо тоа, собира докази за претпоставката дека се работи за криминална организација.
Скиeнтолозите чии врвни адвокатски тимови обично сакаат судски спорови (случајот со Тајмс 1991-ва) ги отфрлаат ваквите наводи и тврдат дека се работи за "лов на вештерки".