А прасечко со омега 3?

Комплетно не обрнувајќи внимание на приоритетите на човештовото, научниците создадоа ананас со вкус на кокос.

Креацијата доаѓа од Департманот за Земјоделие на Квинсленд, каде повеќе од 1 деценија работат на создавање на нов вид на ананас.

"Моментално го дадовме на размножување кај нашиот партнер за комерцијален развој. Обично потребни се околу 10 години за да се пробие некој нов вид," објаснуваат од Департманот.

Ќе треба да минат најмалку уште 2 години пред оваа сорта на ананас да биде комерцијално достапна.

Од Департманот изјавиле дека воопшто не им била целта да создадат ананас со вкус на кокос, туку само се труделе да добијат нешто што е "благо, помалку кисело и ароматично."

2 јануари 2013 - 13:46