Сосема очекувано, најпогодени се големите произведувачи на содржини на Universal Music Group кои изгубија милијарда од вкупно 7 милијарди прегледи и Сони кој остана без 850 милиони гледања.
Јутјуб тврди дека не се работи за безбедносен пропуст туку за злоупотреба на куќниот ред од страна на социјални сајтови за медиумска промоција како YouLikeHits и AddMeFast кои користеле "роботи, пајаци и офлајн читатели" за лажно да ја напумпаат бројката на посети кои ги има некој спот.
Спотот кој ја обележа годинава, Гангнам стајл, не беше погоден од чистката и останува со своите преку милијарда гледања, но Ријана, Бибер и Бијонсе доживеаа видлив пад на нивната Јутјуб популарност.
Во октомври беше најавено дека при рангирањето, Јутујуб нема да ги брои посетите туку должината на гледање на видео содржините.