Меѓу медиумите кои објавија погрешни информации се сите од СиБиЕс и Њујорк Тајмс до Асошиејтед Прес и NPR.
Дента, некаде пред 15 часот Фокс објави дека полицијата го идентификувала убиецот како 24-годишниот Рајан Ланза. Во тоа време ниту полицијата го идентификувала Рајан, ниту пак тој излезе дека е убиецот. СиЕнЕн отиде чекор подалеку и не само што го идентификуваше погрешниот брат како масовен убиец, тие цитираа и членови на федералната полиција кои изјавиле дека Рајан Ланза им бил познат на претставниците на училиштето.
Во тоа време се уште нема докази што го поврзуваат вистинскиот убиец - помладиот брат на Рајан, Адам - со училиштето. На MSNBC беше објавено дека полицијата веќе го истражува станот на убиецот (повторно грешка - станот е на Рајан) и дека тој упаднал во училиштето во кое работела мајка му, каде што ја убил жената пред да се сврти на нејзините ученици.
Кратко по ова полицијата официјално соопшти дека Адам дома ја убил својата мајка, а од училиштето објавија дека таа ниту предавала таму, ниту работела, ниту волонтирала. Подоцна се покажа и дека убиецот не влегол во училиштето заради тоа што го знаеле таму, туку со сила ги отворил вратите.
Еден од уредниците на Њујорк Тајмс на својот блог направи и список на сите грешки на весникот во покривањето на настанот, по што објаснува и дека сите тие се причинети од притисокот да се излезе во пресрет на брзината што денес публиката на социјалните медиуми ја очекува од медиумите.