Тогаш мисионерите кои зборувале латински доаѓаат на британскиот остров со кусок букви. Се на се 23 а се судриле со англо-саксонски јазик кој имал најмалку 37 фонеми (гласа). Денешниот англиски, во зависност од акцентите, има 40 гласа а сите тие треба некако да се стегнат во 26 букви.
И од таа потреба започнува употребата на финти (стратегами) од типот удвојување на самогласки за обележување на продолжените гласови, како во "feet" или "fool". По норманските освојувања од 1066-та, проблемите се комплицираат бидејќи доаѓаат и нови поими кои треба да се материјализираат во зборови. Тогаш се додава "е" на крајот на некои зборови, за да се разликува, на пример "hope" од "hop".
Во доцните 1300 години, започнува користењето на комбинацијата "gh" во зборови како "night", за да се долови еден глас (произведен со задниот дел на устата) со кој тогаш се изговарал зборот. Подоцна, таквиот глас се губи од изговорот но решението останува бидејќи печатниците решиле да го задржат.
И покрај ваквите обиди за стандардизација, остануваат во игра многу варијации па може да се наиде на "fynysshed", "finisshed", "fynisshed", "fyn-ysshid" и "fynysshyd". А музиката некогаш е "Musik" а некогаш "musycque".
Речникот на Семјуел Џонсон фиксира голем дел од решенијата но јазикот си тера по свое па иако Џонсон забранува збор да заврши со "c", музиката веќе не е "musick" туку "мusic".
За многу решенија потребно е предзнаење од латинскиот. За да се сфати дека "aberrant" има едно "b" а "abbreviate" две бидејќи потекнуваат од изворите ab+errant и ab+breviate.
Преку Атлантикот не сакаат да бидат под англиска јазична доминација па Вебстер на Американците им го дава својот легендарен речник во 1828-ма година, внесувајќи за првпат "humor", "labor" или "center", а тој речник станува главна американска референтна книга за јазикот во целиот 20-ти век.
Третото издание на Вебстер предизвикува страшна бура кај јазичарите, не само заради воведувањето на "pin-up", "astronaut" или "beatnik", туку најмногу заради прифаќањето на, до тогаш забранетото "ain't". Речникот се оценува како катастрофален па дури и болшевички.
Денес луѓето главно се потпираат на компјутерските спел чекери кои вршат огромен дел од работата. Освен кога не може да препознаат "стапици" како во поемата на Екман и Зар:
I have a spelling checker,
It came with my PC.
It plane lee marks four my revue
Miss steaks aye can knot sea.