Лондонската архитектка Заха Хадид (светски позната по авангардната архитектура) моментално работи на повеќе од 10 проекти низ цела Кина, од нив најитен и е станбениот комплекс во Пекинг, кој се труди да го заврши пред пиратската верзија на истиот што се гради во Чунгкинг на 1.800 километри северно од Пекинг.
Според милијардерот и сопственикот на градежната компанија што го гради проектот, пиратската верзија на комплексот од три згради побрзо се гради од оригиналот и веројатно ќе биде готова пред нивниот краен рок, во 2014.
На луѓето вклучени во градежништвото во Кина јасно им е дека тамошните архитекти можат да направат копија на кој било проект.
"Сосема е можно дека пиратите од Чунгкинг некако добиле некои отворени фајлови од нашиот проект. Ако си технички подготвен со нив би можел да направиш сосема идентична копија, ама тоа сепак би била груба симулација на нашата верзија," изјавил директорот на проектот во Пекинг, Сатоши Охаши.
Инаку, архитектите кои пред некоја година во Кина изградија копија на австрискиот град Халштат, за целиот проект користеа софтвер кој им помогна да направат фотографија монтажа од целиот град, на која потоа направија 3Д модели од објектите.