Thrillist Media Group
Основан од двајца пријатели стартапот работи на сајтот Thrillist, кој е посветен на најосновни машки работи: храна, пијалаци, патување, мода, забава, пари и секс.
Percolate
Стартап кој работи на софтвер што им помага на големите компании да создадат релевантни содржини и истите да се споделат преку социјалните мрежи.
Jingle Punks
Џинглови за се што ќе ви текне. Едната работа е што прават џинглови по нарачка, другата работа е што имаат приватна социјална мрежа преку која малку познатите уметници ги поврзуваат со телевизиите, филмските студија и маркетинг агенции.
VerbalizeIt
Создадена како последица на фрустрациите на нејзините основачи, VerbalizeIt е апликација и сервис за преведување, кој нуди директен пристап до луѓе преведувачи. Во основа на пат си во Кина, сакаш да најдеш лек/аптека ама ништо не разбираш, ја стартуваш апликацијата и таа те поврзува со (човек) преведувач на кинески.
Grovo
Стартапот работи на сервис кој создава образовни видеа за користење и новостите на интернетот. Видеата се долги околу една минута и во тоа време ти ги објаснуваат најважните работи на темата. На пример, ако Фејсбук ги промени правилата за користење, Grovo прави видео со објаснување како се користи, или пак ве образува како да употребувате најразлични интернет сервиси.
HowAboutWe
Еден од ретките стартапи кои работат на љубовни врски. Она што е разликата во однос на сличните вакви сервиси, е што им дозволува на луѓето да се поврзат врз основа на тоа што ќе им текне некоја забавна идеја за состанок, HowAboutWe... Компанијата е сместена во Бруклин во поранешно складиште.
Artsicle
Стартапот работи на изнајмување на уметнички дела, без разлика дали заради тоа што немаш пари да купиш некое или затоа што ќе ти се досадат. Ги земаш, некое време ти стојат на ѕид и потоа ги враќаш.
Contently
На една страна имаш новинари и репортери, на друга страна имаш медиумски куќи, меѓу нив е Contently платформа која ги спојува двете страни.
Harvest
Стартап кој работи на вебсервис за фактурирање. Основан во 2006-та, денес опслужува илјадници клиенти низ цел свет.
Intent Media
Идејата е револуционизирање на е-трговија, преку паметно и релевантно рекламирање.
AppNexus
Еден од поголемите технолошки стартапи во Њујорк, работи на отворена платформа за рекламирање.
Art.sy
Пребарувач кој им дозволува на корисниците да наоѓаат уметност по стил, категорија, големина, боја... Плус им прави и персонализирани предлози за секој корисник.
General Assembly
Стартапот нуди предавања како и локација за среќавање на програмери, дизајнери и претприемачи.