Радикалната мерка која ја практикуваат некои кинески доктори во основа се состои во уништување на делови од "центарот за уживање" на мозокот кај зависниците од хероин и алкохол, како начин за сопирање желбата за дрога.
Она што е проблем е што оштетувањето на овој регион исто така ја нарушува способноста на човекот да доживува копнеж и други емоции, вклучувајќи и радост.
"Авторите на новата студија, тврдат дека операцијата е помага за надминување на психолошката зависност од дроги. Во исто време тие признаваат дека повеќе од половина од 60-те пациенти имале трајни нуспојави, кои вклучуваат и проблеми со меморијата и немање мотивација. Во рок до 5 години 53% од нив повторно се вратиле на дрога, додека 47% останале 'чисти.' Конвенционалните методи имаат успех во 30 до 40% од случаите, што значи дека оваа метода сосема малку го подобрува нивниот учинок, заради што експертите сметаат дека не се исплати да се превзема таква ризична операција," објаснува за Тајм новинарката по неврологија, Маја Злавитц.