Националниот филмски регистар на САД е оформен во 1989-та како дел од Конгресната библиотека со цел да се "зачува филмското наследство на САД." Според правилата на Закон за зачувување на филмот, претставникот на конгресната библиотека избира 25 филмови годишно, кои се "културолошки, историски и естетски важни." Филмовите мора да бидат најмалку 10 години стари.
Со годинешните дополнувања, бројот на филмови во регистарот стигна до 600. Годинава филмовите се од периодот од 1897-ма до 1999-та.
"Овие филмови не се избрани како најдобри американски филмови на сите времиња, туку како дела со трајна вредност за американската култура. Тие покажуваат кои сме ние како нација," изјави претставникот на Конгресната библиотека Џејмс Билингтон.
Филмовите избрани за 2012-та се:
- "3:10 to Yuma" (1957)
- "Anatomy of a Murder" (1959)
- "The Augustas" (1930-ти - 1950-ти)
- "Born Yesterday" (1950)
- "Breakfast at Tiffany's" (1961)
- "A Christmas Story" (1983)
- "The Corbett-Fitzsimmons Title Fight" (1897)
- "Dirty Harry" (1971)
- "Hours for Jerome: Parts 1 and 2" (1980-82)
- "The Kidnappers Foil" (1930-ти - 1950-ти)
- "Kodachrome Color Motion Picture Tests" (1922)
- "A League of Their Own" (1992)
- "The Matrix" (1999)
- "The Middleton Family at the New York World's Fair" (1939)
- "One Survivor Remembers" (1995)
- "Parable" (1964)
- "Samsara: Death and Rebirth of Cambodia" (1990)
- "Slacker" (1991)
- "Sons of the Desert" (1933)
- "The Spook Who Sat by the Door" (1973)
- "They Call It Pro Football" (1967)
- "The Times of Harvey Milk" (1984)
- "Two-Lane Blacktop" (1971)
- "Uncle Tom's Cabin" (1914)
- "The Wishing Ring; An Idyll of Old England" (1914)