Весниците на бандаж низ цела Европа

Дневните весници низ континентов или се затвораат или пак прават преструктуирања кои во основа се сведуваат на отпуштање, покажува извештајот објавен од француски Либерасион.

Иако гасењето весници го зафаќа целиот континент, весниците од јужниот дел на Европа имаат посериозни проблеми.

Грција во последните две години затвори три дневни весници, додека во Италија, Шпанија и Португалија се најавени мерки за штедење.

- Ел Паис неодамна пријави загуба од 60% во приходите од огласување, заради што се предвидува отпуштање на 15% од вработените, односно 149 лица.

- Кориере дела Сера во исто време има план да отпушти 100 вработени.

- Португалски Публико веќе има отпуштено 48 од вкупно 250-те вработени.

Во богатиот дел на Европа, весниците кои не се затвораат едвај преживуваат како неделници + онлајн издание.

- Во Франција затворен е весникот France-Soir, а La Tribune од дневен весник се трансформираше во неделник, плус започна и дневно онлајн издание.

- Германците веќе ги затворија Frankfurter Rundschau кој се издава уште од 1945-та, како и Financial Times Deutschland, додека Дер Шпигел (тираж 900.000)најави преструктуирање заради 10-процентниот пад на приходите од реклами.

- Групацијата Гардијан (Гардијан + Обсервер) ќе укинува 68 работни места како дел од планот за заштеда на 7 милиони фунти.

Според светското здружение на новинари и издавачи на весници, прометот на европските печатени медиуми паднал за 3,4% меѓу 2010-та и 2011-та. Во исто време во САД падот бил 4,3%.

17 декември 2012 - 14:11