Јаките шопинг центри во САД се уште се држат добро, но постојат показатели дека целиот овој бизнис и тоа како е под удар на се популарното купување преку интернет.
Во САД постојат околу 200 шопинг молови со неколку десетици илјади квадратни метри деловен простор кои стојат празни бидејќи не можат да најдат кираџии.
Таквите места се претвораат во објекти на духови и се осудени или да бидат срушени или да доживеат пренамена.
Главната причина за намалениот промет е префрлувањето во онлајн купување но интересно е дека лоша судбина моловите доживуваат и во Индија, каде, слично како кај нас, големите трговски центри се полни со шетачи ама затоа продажбата е толку ниска што многу дуќанџии не можат да ги покријат трошоците за изнајмување на просториите.