За појаснување, Ротен Томатос е сајт посветен на рецензии, информации и вести за филмови. Дополнително, страната функционира и како агрегатор на рецензии, собирајќи ги критиките од најпознатите филмски критичари.
Годинава филмови со најдобра критика се:
1. This Is Not a Film (100% од вкупно 75 критики)
Документарецот делумно сниман на Ајфон и потоа во торта шверцуван во Франција (за да биде номиниран во Кан) го следи животот на иранскиот режисер Џафар Панахи, за време на неговиот куќен притвор во Техеран. Панахи е осуден на 6 години затвор и 20 години забрана за правење филмови.
2. How to Survive a Plague (100% од вкупно 48 критики)
Приказната е за двете коалиции ACT UP и TAG (Treatment Action Group) кои во 80-те се бореа да го освестат светот за опасноста и начинот на кој треба да се третира СИДА-та. Без никаква фармацевтска подготовка, активистите на овие две групи се инфилтрираат во фармацевтската индустрија и помагаат да се идентификуваат нови лекови кои со тек на време успеваат некако да им го олеснат животот на заболените.
3. The Invisible War (100% од вкупно 47 критики)
Еден од револуционерните документарци кој се појави годинава, кој ја истражува една "една од најсрамните и најдобро чуваните тајни на американската армија" - денес женските војници во Ирак или Авганистан е поверојатно да бидат силувани од нивните соборци, отколку да бидат убиени од непријателот.
4. Planet of Snail (2012) (100% од вкупно 23 критики)
Документарец за љубовта на еден млад поет кој повеќе не може ниту да гледа ниту да слуша и неговата сопруга. Тој научил да зборува кога бил многу млад, но кратко по тоа го губи видот и слухот. Неговата сопруга е неодделив дел од неговиот живот и прозорец кон надворешниот свет.
5. The Waiting Room (100% од вкупно 23 критики)
Една болница во САД се обидува да се грижи за заедница на претежно не осигурени пациенти. Документарецот ја следи соработката и соживотот меѓу докторите, персоналот и пациентите, и како тие се справуваат со болестите, бирократијата и некои избори што треба да ги направат.
6. Wild Bill (100% од вкупно 21 критика)
Ова е единствениот филм што не документарец меѓу 7-те филмови што добија 100%. По 8 години затвор Бил Хејвард излегува на условно и ги гледа своите сега 11 и 15 годишни синови дека се напуштени од нивната мајка и дека се грижат сами за себе. Бил нема намера да глуми татко, што брзо го привлекува вниманието на социјалните служби. Заради опасноста да бидат однесени во дом, едниот од синовите го присилува Бил да остане и да се грижи за нив.
7. Beware Of Mr. Baker (100% од вкупно 20 критики)
Џинџер Бејкер е еден од најлегендарните тапанари во светот, го сметаат за првиот голем тапанар во рокот, буквално е обожуван од најголемите имиња во музиката (Ерик Клептон, Џони Ротен, Ларс Улрих...) и е ужасен човек. Делумно таков му е стилот, делумно заради неколку децениската зависност од хероин.
8. Finding Nemo 3D (99% од вкупно 225 критики)
9. Jiro Dreams of Sushi (99% од вкупно 72 критики)
10. Oslo, August 31st (98% од вкупно 54 критики)
целата листа тука