Кога летоска Рок се побуни против сајтот за ангрегирање оценки за филмови, општата реакција беше отприлика - па што глумиш во римејк на Чувари на плажата, ако не сакаш да те ругаат. Пред некој ден и Скросезе го зашамара агрегаторот.
Изнервиран од тоа како беше закопан последниот филм на Дарен Аронофски на влијателниот Синемаскор, режисерот порача дека оценувањата кои се денес популарни немаат врска со вистинска филмска критика туку со тоа како се рангираат кујнски апарати.
Филмовите се избрани без ограничување по година или оценка, туку по проценката на критичарите на Ротен томатос. Ги има од сите жанрови и децении и филмски школи. 200-ти на списокот е Леон.
Првите 5 филмови на листата на Ротен Томатос се документарци, а само еден од годинешните филмови кои добиле 100% од филмските критичари не е документарец.