Живот и забава

Највлијателните филмови во последните 100 години

Основата на влијателност ја одредува Википедија, на која со помош на алгоритам се избира по еден филм за секоја година.

Дали атеистите треба да вежбаат јога

Минатата недела судија од Калифорнија одлучи дека во локалните училиштата смее да се предава јога и покрај забелешките на родителите дека преку тоа се промовира "Источна религија."

10-те со парите

Иако глобално личи како Епл и Самсунг да даваат бескрајно многу пари за реклами, на ниво на САД тие се само на 12-то односно 15-то место по парите потрошени за маркетинг.

Колку пари се губат од мамурлак

Во седмицата околу 4-ти јули продажбата на пиво во САД ја надминува сумата од 1 милијарда долари. Работодавците знаат дека на 5-ти јули не треба да очекуваат премногу од своите вработени.

На папата му е мака од попови во џипови

Без да треба да вадат метафори и да читаат меѓу редови, папата Францис јавно порача дека му е болка кога гледа свештеници како водат скапи автомобили, и побара од нив да изберат нешто "поскромно."

Зошто цело време губите на автомати

Главниот успех на автоматите за коцкање во собирањето на вашите пари е да ви создадат илузија дека всушност победувате.

Големиот грабеж на вотка

Во филмски грабеж во Флорида украдена е вотка во вредност од 1,1 милиони долари, пари за кои од конкретниот бренд на вотка добиваш само 752 пакети (по цена од продавница).

Зградата што треба да прави магија

Планот предвидува трансформација на кулата на Бритиш Телеком во Лондон, која по комплетирањето на проектот ќе може да ја собира загаденоста во Лондон и да ја претвора во био-гориво.

ЕмТиВи за празник ќе пушта музика

По повод 4-ти јули ЕмТиВи реши да се врати на корените и повторно да пушта музички видеа. На 5-ти јули се ќе биде по старо.

Мажите што чекаат џепарац од сопругите

Во речиси половина од јапонските домаќинства сопругите го контролираат буџетот, ова значи дека тие контролираат и колку пари ќе му дадат на мажот за излегување и слични потреби.

Кои се најдобрите билборди за 2012-13

ИБМ со своите повеќе функционални билборди (со поента дека ИБМ ги прави градовите да бидат попаметни) го освои Гран прито во категоријата надворешни реклами на годинешниот Кан Лајонс Фестивал.

Пишман Гардијан

Гардијан има ексклузивен извор со уште еден огромен комплет докази за американското шпионирање и како европските влади го дозволуваат тоа. Откако објавуваат, решаваат да го гуглаат името на својот извор. Undo.

Како да се расправаш како стар пар

Старите парови ги решаваат конфликтите на тој начин што воопшто не ги решаваат, туку наместо тоа само ја менуваат темата на разговор.

Луѓето не можат да престанат да ги пиратираат Троновите

Најзборуваното ТВ шоу за годинава, во исто време според бројките на ТорентФрик ги држи и рекордите за најпиратирано шоу на сезоната.

Пиксар ќе се смирува

Најмалку еден оригинален филм годишно и многу помалку продолженија е планот на Пиксар за иднината.

Паркирање по цена на кралство

Лиса Блументал од Бостон пред некое време купи две паркинг места во градот за 560.000 долари, не и требаа на неа туку и било незгодно гостите што немало каде да паркираат. Без разлика како ни изгледа цената, ова не е ниту најскапото, ниту единственото вакво паркинг место.

За вистински домашни манџи

Ресторан смее да понуди домашни јадења само ако тие се свежо подготвени, стои во новиот француски закон против подгревањето храна во ресторани.

Форбс не им верува на насловните

Магазинот Форбс ја прогласи Опра за највлијателна славна личност на планетава, што и не е нешто ново, она што е ново е што одлучија да ја променат методологијата за составување на листата и да ги избришат насловните страни на списанијата како дел од равенката.

Гугл признава дека интервјуата им се глупи

Дел од проблемите што од Гугл ги поставуваат за време на интервјуата за работа, се крајно бескорисни во откривање на тоа кој би бил добар вработен.

Црвениот телефон никогаш не постоел

Да, милион пати сме го виделе фамозниот црвен телефон на релација Белата куќа - Кремљ кој служи за исклучителни ситуации да се чујат супер силите пред да се дигнат во воздух. Ама на екран. А на екран сме го гледале и Лазе Бараков, па никогаш не ни отворил порта.

Пишувајте наслови што ќе направат да се чувствувате добро

Немој да пишуваш за финансии, финансиски пазари или нафта, туку гледај да се држиш до религија, спорт, криминал и природни катастрофи, е предлогот на научниците кои анализираа стотици илјади новинарски текстови.

Ако си ружен, носи бело

Мажите кои носат бели маички им изгледаат попривлечно на жените, бидејќи маичките успеваат да направат магија од вашето тело.

Градовите имаат проблем

Сао Паоло, Истанбул, па дури и Стокхолм.... Се повеќе луѓе живеат во градовите и главните проблеми во овој век ќе се одвиваат на урбаната сцена.

Теорија на релативитет на вино

Вино можеш да купиш за 500 долари од шише и за 2 долара од шише, ама што се однесува до "винските економисти," нивото на корелација меѓу цената на шише вино и неговиот квалитет е мала или речиси непостоечка.