Во минатото насловните страни со славни личност сериозно придонесуваа за тоа каде некоја ѕвезда ќе се најде на листата. Сега ова повеќе не се зема во предвид, бидејќи според Форбс насловните страни се повеќе се фокусираат на ѕвезди од реални шоуа.
"Во минатото им даваме дополнително значење на насловните страни, базирано на логиката дека магазините ги избираат само моќните, популарни ѕвезди за покривање на вредниот простор на насловната.
Меѓутоа тие почнаа просторот да им го посветуваат на ѕвездите од реалните шоуа кои знаат како да ги 'работат' таблоидите, ама сепак немаат она што ние го сметаме за моќ. Па ја избришавме оваа метрика."
Заради ваквата одлука Ријана на пример не успеа да влезе во првите 10, Даниел Крег чиј последен Бонд направи над 1 милијарда долари воопшто го нема на списокот, а ја нема и Кејт Аптон која се појави на голем број насловни во текот на минатата година, а во јуни ја доби и првата насловна на американскиот Вог. Ен Хатавеј којa ги доби сите пофалби за глумата во Клетници и последното продолжение на Мрачниот витез, исто така не е на списокот.
На местото на магазините Форбс ги искористиле бројките од E-Poll Market Research, кои прават рангирање на 6.600 славни личности, по основа на 46 различни атрибути. Потоа, влијанието на социјалните медиуми кое до сега беше мерено само според Фејсбук и Твитер, е заменето со бројките од компанијата Старкаунт, кои ја пресметуваат моќта на ѕвездите на 11 различни социјални платформи. На ова се додаваат бројките од Celebrity 100 кои го следат бројот на појавувања на ѕвездите во печатени медиуми, телевизија, радио и интернет. А за заработувачката на ѕвездите се консултираат различни агенти, адвокати, продуценти и останати познавачи, кои треба да кажат колку тие заработиле во последната година.
Сето ова се става во алгоритам кој го одредува рангирањето. Најголемо влијание на оценката има заработувачката на ѕвездата, додека сите останати фактори имаат иста тежина.