Истражувањето ја следело комуникацијата на 127 пара (на возраст од околу 50 години, и мин. 13 години брачен стаж) конкретно формата на "барање и повлекување". Овој модел предвидува дека едниот партнер врши притисок на другиот за да се промени (улога на "барател"), додека вториот избегнува да зборува за проблемот или го напушта разгворот (улога на "повлекување").
"Ако сопругот се повлече како одговор на барањето на жена му да ги испере садовите, на пример, ова ќе доведе до ескалација на барањата на сопругата, што пак може да ја потхрани тенденцијата на сопругот да се повлече од расправата и така натаму," изјавила Сара Холеј, психолог од Универзитетот Сан Франциско стејт и автор на студијата.
Како што паровите стареат така и најголемиот дел од нивната барање-повлекување комуникација останува иста, меѓутоа и двете страни со текот на годините покажуваат поголема тенденција за избегнување на предметот на судир. Најстарите парови во истражувањето имале и најголема тенденција за менување на темата.
Две клучни работи од истражувањето е дека ваквото однесување е многу повеќе поврзано со годините што парот ги има минато заедно, отколку нивната возраст, и второ без разлика дали се работи за хетеросексуални или истополови парови, секогаш улогата на "барател" ја има оној кој сака работите да се променат.