Обичната бела маичка создава илузија на пошироки раменици и помал струк со што вашето тело почнува да ја добива V формата. Најголемиот ќар од оваа илузија го имаат мажите кои најмногу имаат "излезено од форма."
Истражувањето на Нотингем Трент Универзитетот покажало дека мажите кои веќе имале "направено" добро тело, имале само мало подобрување кога ќе облечат бела маичка.
"Најголеми ефекти има за нормалните мажи чии струкови се со иста ширина како и нивните рамења.. Додека кај оние со добро тело, маичките само го нагласувале изгледот што тие веќе го имаат, без никако да го унапредат," објаснува др. Ендру Дан.
Во анализата учествувале девојки на возраст од 18 до 25 години, кои требало да ја оценат привлечноста на 5 машки типови на тела.