Паркирање по цена на кралство

Лиса Блументал од Бостон пред некое време купи две паркинг места во градот за 560.000 долари, не и требаа на неа туку и било незгодно гостите што немало каде да паркираат. Без разлика како ни изгледа цената, ова не е ниту најскапото, ниту единственото вакво паркинг место.

- Гаража во центарот на Лондон 22.210 долари / годишно

Ова е најскапото јавно паркинг место во светот, се наоѓа во јавна гаража во близина на плоштадот Трафалгар и дневен паркинг чини 60,8 долари.

- Зградата на Џенерал Моторс во Њујорк 316.000 долари / годишно

Зградата е едно од двете најскапи недвижнини во Њујорк. Дел од директорите кои работат во зградата иако имаат опција да купат месечно паркинг место (процедурата бара проверки, сметки преку фирма и сл.) тие плаќаат дневно со службената кредитна картичка.

- Хонг Конг 640.000 долари

ЦЕО-то Јасинто Тонг го купи своето паркинг место 2,4 на 4,8 метри (11,52 метри квадратни), во еден облакодeр во Хонг Конг по цена од 640.000 долари или 55.500 долари за метар квадратен.

- Паркинг местото на ЏејЗи во Барклејс центарот од 1 милион долари

Во 2005-та ЏејЗи инвестираше 1 милион долари во Нетси, со ова доби и можност да паркира кај што сака во или околу Барклејс центарот.

- Њујорк 1 милион долари

Паркингот е во еден од најлуксузните делови на Њујорк, а за парите што ги платиле за местото, би можеле да плаќаат паркинг казни од 100 долари секој ден во идните 24 години и пак да им остане кусур.

- Риц Париз од 403.000 до 6,6 милиони долари / годишно

За да паркирате во подземната гаража на хотелот Риц во Париз, потребно е да имате изнајмено соба во хотелот. Цените на собите се движат од 1.100 долари за вечер, па до 18.000 долари за вечер во кралскиот апартман.

- Паркингот во дневна во Сингапур

Дневната е на најгорниот кат на зградата Хамилтон паркс, а до таму автомобилот ќе ви пристигне со лифт. Цената на станот со кој го добивате паркингот е 24 милиони долари.

29 јуни 2013 - 15:05