Сајтот на Гардијан/Обсервер ја повлече ексклузивната сторија од насловната страна, откако откри дека нивниот главен извор Вејн Медсен, во минатото е поврзан со најразлични теории на заговор и дека верува дека Обама е геј.
Објавувањето на сторијата речиси инстантно предизвика разочарување кај добар од американската публика на Гардијан, кои одамна го знаат Медсен.
Меѓу темите за кои е заинтересиран Медсен е "вистината" за 11. септември, изводот од книгата на родени на Обама и големата израелска завера за контролирање на светот.
Во реакциите на Твитер и Фејсбук подеднакво имаше неверување дека Гардијан така аматерски би одработил таква важна сторија и гнев што Медсен е единствен извор.