
Во прашање се пакети од Spirits of the Tsars Golden Vodka, кои на 22-ри јуни биле украдени од магацин. Крадците "успешно направиле дупка каде што била складирана вотката без да ги вклучат алармите."
Целата акција траела околу 5 часа, а и покрај тоа што во магацинот имало и други вредни работи крадците ја собрале само вотката.
Конкретниот бренд е украинска вотка која секоја година се произведува во ограничени количини, и се пакува во шишиња на чија етикета е додадено 24 каратно злато.
Шише од вотката во продавница чини околу 300 долари, додека во ноќните клубови се продава околу 1.200 долари.