Пиксар ќе се смирува

Најмалку еден оригинален филм годишно и многу помалку продолженија е планот на Пиксар за иднината.

"Од уметнички причини навистина е важно да правиме по еден оригинален филм во годината. Од време на време, имаме филм за кој ние или луѓето се заинтересирани што понатаму се случува во тој свет - што е принципот зад секое продолжение. Тие ги сакаат тие карактери, што значи ние сме биле успешни со нив. Ама ако продолжиш да го правиш тоа, тогаш не правиш оригинални филмови," објаснува претседателот на Пиксар, Ед Катмул.

Во првите 10 филмови од Пиксар имаше само едно продолжение, меѓутоа во последователните 4 филмови само еден беше оригинален. Cars 2 посебно беше истакнат како првото вистинско разочарување на студиото, и комерцијално и креативно, а Monsters University иако ги имаше една од најдобрите премиери на бокс-офисот, тој сериозно заглави на критиката.

2015-та ќе биде прв пат Пиксар да има премиера на 2 филма во иста година. Првиот ќе биде Inside Out, приказна сместена во главата на едно мало девојче, чија премиера е во јуни 2015-та, а вториот е продолжението од Барајќи го Немо, чија премиера е во ноември 2015-та.

Катмул ова го објаснува како дел од стратегијата за објавување на "еден и пол" филм годишно. "Секоја година ќе имаме оригинален филм, а потоа секоја втора година ќе имаме продолжение на нешто," изјавил Катмул.

Една од најголемите грижи на Катмул е како да го одржат студиото за во иднина.

"Како сфаќаш како да ја предадеш палката на други луѓе. На некои места не го прават тоа. Кога Волт (Дизни) умре, тој не ја предаде палката на некој друг, и од тука тие почнаа да пропаѓаат. Па Џон и јас многу сериозно го сфаќаме фактот дека треба луѓето да ги доведеме до ниво на кое можат да раскажат оригинален филм," објаснува 68-годишниот Катмул.

Следниот филм на Пиксар, The Good Dinosaur, е прво самостојно дело на режисерот Боб Питерсон, кој како ко-режисер работеше и на Up. Неговата премиера е на 30-ти мај, 2014.

1 јули 2013 - 15:56