Претераното пиење, поточно последиците од него, ја чинат американската економија 220 милијарди долари годишно или 1,90 долари по пијачка, пресметува Центарот за контрола и превенција на болести.
72% од оваа сума доаѓаат од трошоците на изгубената продуктивност на работното место, што значи дека мамурлакот ја чини економијата околу 160 милијарди долари.
Ако се земе во предвид дека американците пијат по 117 милијарди алкохолни пијачки годишно, мамурлакот чини по 1,37 долари од пијалак. Во пресметката на Центарот се покажало дека 15% од возрасните се одговорни за три-четвртини од прекумерното пиење алкохол.
"Севкупно истражувачите откриле дека 94,2 милијарди долари (42%) од вкупниот економски трошок за прекумерното пиење алкохол го сносат федералните и локалните власти, додека 92,9 милијарди долари (41,5%) плаќаат луѓето кои прекумерно пијат и нивните семејства. Владините органи и агенции исплатиле најмногу пари за здравствени трошоци како последица на прекумерно пиење алкохол (61%), додека пијачите и нивните семејства сноселе најголем дел од изгубената продуктивност (55%), најмногу во форма на изгубени приходи," стои во извештајот на Центарот за контрола и превенција на болести.