Мажите што чекаат џепарац од сопругите

Во речиси половина од јапонските домаќинства сопругите го контролираат буџетот, ова значи дека тие контролираат и колку пари ќе му дадат на мажот за излегување и слични потреби.

Официјалниот назив е "окозукаи" и означува пари што сопругот (кој е вработен и носи плата) ги добива од својата сопруга за покривање на сметката за мобилен, за цигари, за пијачка или друг вид на забава.

Моментално проблемот е што просечниот месечен надоместок е паднат на најниско ниво од 1982-ра и изнесува 386 долари месечно.

Минатата година БиБиСи интервјуираше еден 47-годишен Јапонец кој 15 години добивал иста сума од својата сопруга. Тој се обидел да преговара покачување, ама "таа нацртала графикон на трошоците на домаќинството за да објасни зошто не може да му даде повеќе пари."

Окозукаи е дел од пошироката јапонска финансиска култура во која семејствата гледаат да заштедат големи делови од своите приходи, посебно во време на криза. Токму оваа пракса делумно е одговорна за економската катастрофа на Јапонија, заради што и клучен дел од економските реформи во земјата е да се натераат штедачите да почнат да трошат.

3 јули 2013 - 12:37