Целата идеја за сега е само визија на Чанг-Јоб Ли студентот на Кралскиот колеџ за уметност, кој смета дека со опремување на надворешноста со карбон фибер и челична конструкција, ќе може да го собира загадувањето од Лондон.
Изборот на зградата на БТ е заради тоа што таа е еден од највисоките објекти во градот, што и дава одлична позиција за собирање на гар и останати честички.
Конструкцијата, по која зградата ќе изгледа како да е обвиена од пајажина, ќе содржи и нано-цевки од титаниум диоксид, кои веќе ја имаат докажано својата способност да претвораат јаглерод диоксид во природен гас со помош на вода и сончева светлина.
Конкретниот систем што Ли предлага да се користи би требало да создава околу 100 тони метанол годишно.
Овој концепт е дизајниран за евентуално да може да биде употребен и на други високи згради во градот.