Меѓу добитниците на Златен лав беа и портретите на Евиан, Штил, американските билборди за Тојота, најавата за драма на ТНТ и постерите од Dumb Ways to Die.
Гранд при: IBM
Агенција: Ogilvy & Mather, Париз
Трите билборди функционираа како клупа, стреа и рампа за скали, мало подобрување на градот кое требаше да биде метафора за тоа како ИБМ ги подобрува градовите преку својата технологија.
Златен лав: Stihl
Агенција: Publicis, Брисел
Што ќе ти се развиени раце кога имаше Штил моторна пила?
Златен лав: Evian
Агенција: BETC, Париз
Портретите на возрасни и бебиња беа ставени на спротивните страни на железничките перони, создавајќи ефект на огледало како едните да се гледаат со другите.
Златен лав: Westdeutsche Lotterie
Агенција: BBDO, Дизелдорф
Рекламите беа дел од промоцијата на нови грепки на една од германските лотарии.