Игра на Тронови, има речиси ист број на нелегални симнувања колку што има и гледачи на ТВ. Премиерата на третата сезона од серијата беше симната 5,2 милиони пати. Ова е 25% повеќе во споредба со минатата година.
Растот на публиката не се однесува само на пиратските содржини, ХБО имаше речиси една четвртина поголема телевизиска публика за 3-та сезона од Игра на Тронови.
Она што е различно околу ова шоу, е што најголемиот дел од луѓето поврзани со него, рекордната пиратерија ја сметаат за комплимент, а не за крадење профити или гледаност.
На второ и трето место, со разлика од околу 50.000 симнувања, се The Big Bang Theory и How I Met Your Mother (2.900.000 и 2.850.000).
1. Game of Thrones - 5.200.000 (тв публика - 5.500.000)
2. The Big Bang Theory - 2.900.000 (тв публика - 20.000.000)
3. How I Met Your Mother - 2.850.000 (тв публика - 10.510.000)
4. The Walking Dead - 2.700.000 (тв публика - 12.420.000)
5. Hannibal - 2.100.000 (тв публика - 4.380.000)
6. Vikings - 1.900.000 (тв публика - 6.210.000)
7. Arrow - 1.850.000 (тв публика - 4.140.000)
8. The Vampire Diaries - 1.800.000 (тв публика - 3.180.000)
9. Modern Family - 1.750.000 (тв публика - 12.520.000)
10. Revenge - 1.700.000 (тв публика - 9.740.000)