"Откривме дека ваквите проблеми се комплетно губење на време. Тие не служат за предвидување на што било. Тие во прв ред користат за да направат човекот што интервјуира да се чувствува паметен," објаснува потпретседателот за човечки ресурси во Гугл, Лазло Бок.
Меѓу прашањата што им ги поставуваат на кандидатите за работа во Гугл има и проблеми како:
- Колку би наплатил за да ги измиеш сите прозорци во Сиетл?
- Направи план за евакуација на Сан Франциско
- Колку пати во текот на денот се поклопуваат стрелките на часовникот?
- Човек го турка својот автомобил до хотелот и го има изгубено целото свое богатство. Што се случило?
Бок објаснува дека Гугл сега се потпира на посекојдневни прашања за интервју на перспективните работници, како стандардизирани интервјуа за кандидатите да можат конзистентно да се оценуваат, и "бихеворијални интервјуа" во кои кандидатите треба да го опишат периодот кога решиле некој тежок проблем. Тие исто така им даваат многу помало значење на оценките од колеџ и резултатите од SAT.