Откако за време на кубанската криза на двете суперсили им требале по половина ден за да ги разменат своите пораки, лидерите на СССР и САД решаваат дека треба меѓу себе да воведат побрз и побезбеден начин за комуникација. Во меморандум од јуни 1963-та, двете страни се согласуваат "во зависност од тоа колку техниката дозволува да воведат директен врска за комуникација меѓу двете влади."
Меѓутоа резултатот на ова не е воведување на црвениот телефон:
"Користењето на зборот 'директно' во меморандумот наведува на погрешно мислење, никогаш не постоел црвен телефон. Пораките испраќани до Советскиот сојуз оделе преку телеграф врзан на 16.000 километри долгиот прекуокеански кабел од Вашингтон преку Лондон, па Копенхаген, Стокхолм и Хелсинки, до Москва.
Сепак и ова било напредок. Кратко по договорот, четири телепринтери од американско производство со авион биле однесени до Москва и инсталирани во Кремљ. Подеднаков број на машини произведени во Источна Германија биле испратени во советската амбасада во Вашингтон. Тие не биле испорачани во Белата куќа, туку директно во Пентагон, каде што и до ден денес останува 'жешката линија.' Двете страни исто така размениле и уреди за енкодирање за Американците да можат да ги преведуваат пораките на англиски, а Русите на руски," пишува Том Калвин за Смитсониан.
Оваа врска веќе била функционална во август 1963-та. Џон Кенеди, кој е убиен три месеци подоцна, никогаш немал причина за да ја користи. Првиот претседател што го направил ова е Линдон Џонсон, кој преку неа комуницира со Алексеј Косигин за време на 6-дневната војна меѓу Израел и Арапите. Од тогаш, жешката линија е апдејтувана со сателитска врска во 1971-ва, факс во 80-те, оптички кабел за меил и зборење во 2008-ма. Оригиналната врска за телепринтер, биле пресечна 5 години по воведувањето на факсот.
"Митот за жешката линија преку црвен телефон, преку која претседателот може да се јави во Кремљ во секое време, доаѓа од најразлични извори во поп-културата. Два филма од 1964-та, дадоа инстантен кредибилитет на идејата за телефон (Dr. Strangelove и Fail-Safe)," објаснува Калвин.