Живот и забава

Гаргара за инфаркт

Точно е дека антисептичните средства за испирање уста ефикасно ги убиваат бактериите, но, во масакрот паѓаат и оние кои ни го чуваат здравјето.

Апликација за самоуништување

Апликацијата речито говори за состојбите во модерниот свет. Не е проблем што луѓето се почесто стануваат говна кои би злоутребиле она што си им пратил, проблем е како технички да ги надитриш.

Игра на тронови 4, зад сцените

Сетови, костими, продукција, нови ликови, локации и сè останато од најновата сезона на Игра на тронови што треба да ве држи до 6-ти април. И Бриен од Тарт.

Некролог за една ракија

Оваа година ќе го прославеше 55-тиот роденден, а замина нечујно, скромно. Таква беше и на кафанската маса, затскриена меѓу „вињакот", „препеченицата", црногорската „лоза" и „виљамовката". Никогаш наметлива, секогаш присутна. Како цироза на црн дроб, би додале злобните апологети на прохибицијата.

Како да ја преживееш порно индустријата

Најголемите експерти за порно (секој ќе го препознае својот адут) седнаа да направат видео упатство за тоа како изгледа да се работи во нивниот еснаф.

Ужасот на снимање за Анимал планет

Смртни случаи, дрога и запоставување се само дел од проблемите на животните кои се појавуваат во реалните шоуа на Анимал Планет.

Диета "Затоа си сама"

Истражување меѓу жените на британскиот остров покажало дека во животот на една жена има двојно повеќе диети отколку љубовници. Не навлегуваме во причините на овој тажен сексуален скор, но факт е дека брзо се откажуваат, од диетата.

Путерот конечно победи

Најмалку 50 години, добриот природен путер се тепа со разно-разни негови алтернативи кои ветуваа дека се подобри и поздрави од него. Неговиот главен непријател, маргаринот, потпиша капитулација. 

Што има во гумените бонбони?

"100 посто течност. Запаллива течност. НАПАЛМ!" Оваа и слични рецензии кои можат да се најдат на Амазон се далеку поостри од официјалното Харибо предупредување дека бонбоните можат да ви го вознемират мешето.

Раката е мерка на задоволството

Димензиите на вашето секојдневно хедонистичко уживање во убавините на овој живот се наоѓаат во вашата дланка. Не, сепак не зборуваме за тоа.

Мршојадци со добро око

Контроверзи околу оваа фотографија имаше уште кога победи на еден меѓународен натпревар. Нова фотографија од истото место, снимена од друг агол, додава дополнителен чемер околу приказната.

Пушењето е полошо отколку што претходно се мислеше*

Њујорк Тајмс објави список на нови болести со кои од сега па натаму ќе може да им се качувате на глава на пушачите. Меѓу нив - дијабетес, импотенција и рак на црниот дроб.

Тетоважите што им помагаат на преживеаните од рак на дојка

Заради ракот на дојка, Моли Ортвејн прави двојна мастектомија, по која има лузни на градите. Решава да направи и реконструкција на градите. Со ова почнува и приказната за студиото за тетоважи Персонал Инк.

Ханибал Лектор не е психопат, ама за тебе никој не гарантира

Како дел од подготовките за своите предавања по психијатрија, универзитетски професор гледа околу 400 филмови со психопати и прави дијагноза на секој од филмските негативци. Резултат, едвај можеш да најдеш асолен психопат во филмовите.

Големата чистка на банкарите на Папата

Актуелниот Понтиф вчера реши да отпушти четворица од петте кардинали кои Папата Бенедикт XVI-ти ги назначи за управување со Банката на Ватикан. Претходната постава беше избрана лани, за мандат од 5 години.

Прељубници, холивудска верзија

Замислете ја следнава сцена: Двајца пријатели вечераат во ресторан. Добиваат дојава дека жената на едниот, таму и таму, се кова со швалер. Упаѓаат во кола и со фото апарати одат да ја фатат во живо. Пријателите се викаат Френк Синатра и Џо ДиМаџио, таа е Мерилин Монро.

Идол vs. Икс-Фактор vs. Воис vs. Талент

Овие четири програми моментално се најскапо платените реални шоуа во САД според платите што ги земаат нивните учесници. Единствено реално-шоу што им се меша во рангирањето со парите се Кардашијан.

Нејќе гром во Американец

Американците веќе не гинат од громови, од што во минатото беа масовно покосувани. Причината е едноставна и универзална: се напикаа селаните по градови.

Екс-вегетаријанци за моментот кога пак пробале месо

Нова година е редовниот период за давање ветувања пред самиот себе кои никогаш нема да бидат исполнети. Дека прекршувањето на зборот не е толку лошо (а некогаш може да биде и фантастично добро) покажуваат сведоштва на неколку вегетаријанци кои решиле да се вратат кај месојадите.

Хармониката станува кул

Освен во крајпуташките балкански крчми каде што сè уште жилаво се држи, хармониката е во дефанзива уште од раните 60-ти години на минатиот век, кога ја убија Битлси и слични дрогераши со гитари. Но, во последно време повторно станува кул, а влегува и во рокенрол халата на славните.  

Банкари со обврска за слободен ден

Откако на работа им умре 21-годишен приправник, Банката на Америка Мерил Линч воведе ново правило со кое бара од сите вработени на ниските нивоа да користат барем четири слободни дена од викенд месечно.

Од шамија до чаршаф

Покривање на главата или лицето на јавни места се смета за битен знак на муслиманскиот идентитет на жените. Но, колку и колкава покриеност е прифатлива во различни муслимански држави?

Критична маса картон

Картонски кациги се новата надеж за чување на главата на велосипедистите. Инспирирани од клукајдрвецот а изработени како кај пчелите.

Како Бред Пит помогна без да знае

Белгиска непрофитна организација на тема борба против ракот на дебелото црево, испраќа писмо до Бред Пит по повод неговиот 50-ти роденден (да да, толку има човекот) во која јавно го предупредува каква опасност го чека како маж на 50 години. Резултат, внимание што никогаш не го очекувале.