Во германската кујна повеќе од еден век постои нешто што се нарекува "цигански сос". Е, неќе моќи. По негодувањата од ромската популација дека ваквиот назив е навредлив, сосот сега се вика балкански. Во име на Балканот нема кој да се лути.
Вакво интервју може да ти приушти само накурчен старка каков што е Џинџер Бејкер, легендарниот бубњар на Cream. Со импозантна километража зад себе, со ич нерви за фолирање. Заебан и терсене, уздуж и попреку.
Откако Асанж во отворено писмо го критикува Камбербач нарекувајќи го "платеник" за тоа што прифатил да го глуми во филм базиран на книга кој е напишана против него, британскиот актер реши да ја каже својата страна на приказната.
Кај ортодоксните Евреи (конкретниов случај е во САД) правилото е дека ако жената сака да се разведе од сопругот, таа мора за тоа да добие дозвола од мажот што го разведува, нешто на што мажите не се одма подготвени да се согласат. Деновиве двајца рабини од Бруклин беа уапсени заради "забрзување" на процесот.
Зависниците од Фејсбук можат да бидат горди на себе затоа што сториле голема добрина за еден човек. Се вика Марк Закербег кој штотуку потрошил 30 милиони долари да купи четири куќи околу својот дом за да има поголема приватност.
Нејќеме да расипеме ничии соништа но јавето изгледа вака. Првиот е Американец, вториот Јапонец, третиот Холанѓанин а последниот Французин. Идеални само по тоа што се совршено просечни.
Приказната за пенкало на НАСА за пишување во вселената и далеку поедноставното решение на Русите се појавува секогаш кога некоја огромна корпорација ќе презентира некој комплексен, пренадуен и претерано скап производ или процес. Излезе дека НАСА не биле до толку дрва.
ТВ понудата во една земја истовремено е и креатор и одраз на колективниот темперамент и масовниот (не)вкус. Балканот сака интриги и семејни драми па е окован во турски и индиски серии. А пазете ја Норвешка: планираат маратонски риалити програм во кој вредни жени Норвежанки - ќе плетат. Зен.
Ако кога почнаа да се појавуваат машките ташни (man purse) нивните сопственици ги пријавуваа како "абе поклон е од брат ми," денес истите овие додатоци се бизнис вреден 9 милијарди долари години, а брат на брат не подарува секоја година една иста чанта.
Џулијан Асанж му пишал писмо на британскиот актер кој го игра во филмот The Fifth Estate. Зошто не требало да ја прифати улогата и зошто нејќе да се види со него.
Секому во шоу бизнисот му е потребен публицитет кога промовира нешто ново. Секс скандал, кавга, тепачка, вадење јазик и лижење чекан... Прл Џем се поинакви.
Во обид малку од малку да ги расчистат улиците од пијани туристи кои ноќе шпартаат како Зомбија, властите на европскиот Лас Вегас го забранија пиењето на огромен број места во центарот на градот.
Инспирирани од пораката на Черчил "Никогаш не дозволувај добра криза да остане неискористена," сајт за продажба на вибратори ќе им подари бесплатни "играчки" на американските административци кои се на пауза заради затворањето на Владата.
Мозокот сака допамин. Допаминот сака шеќер. А мозокот не е толку глуп да не препознае дека пробуваме да го лажеме со вештачки засладувачи. Неговата одмазда за тоа е што завршуваме дебели.
Иако филмската година сè уште не е готова, Квентин Тарантино состави листа од 10 најдобри филмови кои досега ги гледал. Ставајте по торенти и следниот викенд организирајте си филмска проекција по негов избор.
Веројатно би му било битно да ѝ објасни во што е разликата да си во центарот на внимание затоа што: а) те сметаат за иднината на рокенролот и б) затоа што го триеш задникот и лижеш чекан.
Започна со "мајчинските" совети на Шинејд до помладата колешка од естрадата. Па Мајли одговори безобразно па Шинејд се шокираше и сега најверојатно ќе се влечкаат по судови.
Откако во интервју за Ролинг Стоун Мајли Сајрус ја наведува како влијание во својата кариера, Шинејд О'Конор решава да ѝ напише отворено писмо на пејачката, во кое најискрено ја предупредува да не дозволи да биде искористена. Ова е писмото во целост:
Ова значи дека поседувањето марихуана и понатаму останува забрането, само што во иднина тоа е на ниво на обичен сообраќаен прекршок, наместо да се третира како криминал.
Се е во ред со вас, ама најчесто (по навика) носите лоши финансиски одлуки, проблем кој е посебно лошо да се има во време на финансиска криза. Има доктор и за тоа.
Графички дизајнер создал фонт за кој тврди дека не може да биде прочитан од владините и корпоративни шпиунски софтвери. Дечкото не е шарлатан, има работено за самата НСА.