Живот и забава

Генерацијата што направи телевизијата да порасне

"Милениумската" генерација се луѓето кои во моментот се на возраст од 18 до 35 години. Во исто време тие се најголемата група меѓу публиката што одлучува за успехот на едно телевизиско шоу.

Македонско лон производство на холивудски ноти

Вредните македонски шивачки не се единствените кои работат за туѓи бели дворови (ако сте ја пропуштиле, читнете ја статијата "Македонската ленка шие за Швајцарци"). Од пред некое време ним им се придружија и македонски симфониски музичари кои од овде ефтино а квалитетно снимаат за Холивуд.

Како да потрошиш богатство за подобри пилешки гради

Ланецот за брза храна Chick-fil-A користи едно парче пилешко месо во неколку различни рецепти. Сега решија да го сменат начинот на кој го подготвуваат. Ова ги чини 50 милиони долари.

Математиката и проститутките што очекуваат да се збогатат од Мундијалот

За неколку месеци се очекува дека Бразил ќе се наполни со 500.000 туристи. Меѓу нив најголемиот дел Американци и Европјани. Сексуалните работнички имаат најголеми очекувања токму од нив.

Сакате кременадли? Не така!

Кременадлата е боговско парче месо, честопати подобра и од поскапите делови на благородното животно свињата. Коска, месо и мрсно, хармоничен триумвират на кој тешко му се одолева. Кременадлата е едноставна  за подготувавње како хаику. Ама можеш уште полесно да ја утнеш работата па таа да испадне или ѓон или ѓон. Еве на што најчесто се греши.

Животниот циклус на поп песна

Фаза на зачнување
Песната се раѓа во нечиј подрум, во гаража, или меѓу уличните свирачи. Песната се уште не може да биде завршена.

Колку чинат сите епизоди од Симпсонови

FXX каналот објави дека во август ќе започне ТВ маратон во кој една по друга ќе бидат пуштени сите 552 епизоди од Симпсонови. Маратонот, без паузи, ќе трае 12 денa.

Франција затвора во 6 попладне

Секој вработен во Франција од сега со закон е задолжен да не му чуе и комплетно да ги игнорира мејловите за работа од своите шефови по завршувањето на работниот ден. Ова важи и за смартфони.

Како за свинскиот грип испаднавме овци

Се сеќавате ли на масовните хистерии од пред неколку години дека ќе испоцркаме од свински тоест птичји грип? Се сеќавате ли како најважното глобално прашање тогаш беше која држава колку резерви од спасоносниот лек Тамифлу набавила? По 4 години клинички тестирања, утврдено е дека лекот е гола вода.

За оние кои завршуваат на "Н"

Дали името на вашето машко дете завршува на „н"? Ако е така, тогаш свесни или не, и вие го следите американскиот тренд, еден од најчудните во историјата на именувањето деца.

Украинка се од корен не корнеше

Не на ниво на индустрија туку на ниво на една од поголемите компании што го работат ова, "нарачувањето" невести од Украина е годишен бизнис од 140 милиони долари. За овие пари добар дел од потенцијалните зетови завршуваат во голема була.

Како да се однесуваат стрејт жени ако налетаат на лезбејка

Упатството го ре-објавува Jezebel.com, а потекнува од 1988-ма година и е дел од материјалите по родови студии на Универзитетот на Висконсин.

Драги родители, некој ве лаже

Џенифер Раф работи на постдокторат на Универзитетот на Тексас, а до сега има два докторати еден за генетика и еден за антропологија. Заради неодамнешното појавување на голем број сипаници и други болести што се спречуваат со вакцинирање, и одбивањето на поборниците против вакцинирањето да го признаат проблемот, таа решава да напише едно писмо.

Шведска упорно продолжува да биде Шведска

Вториот по големина град во Шведска, Гетеборг, реши радикално да го промени целиот систем на работно време на јавните службеници, па од сега тие ќе мора да работат по - 6 часа на ден. Ова за да се чувствувате полошо - сега работниот ден им трае 7 часа.

Не го прашуваш Кевин Спејси за приватни работи

Кога ќе дојде до откривање детали од неговиот живот, Кевин Спејси го решава проблемот онака како што тоа би го решил Френк Андервуд, неговиот карактер оd House of Cards: Нема што муабет да се прави за тоа.

Сиромаштијата ви ја менува ДНК-та

Тешкото детство, на тема пари, не само што прави побрзо да созреете, туку и директно влијае на ДНК-а и го забрзува процесот на стареење.

Русија нема да увезува ГМО производи

"Ако Американците сакаат да јадат ГМО храна, нека јадат. Ние немаме потреба од тоа," изјави рускиот премиер Димитриј Медведев.

Упатство за спарување кошули и вратоврски

Марфиевата законитост "сè што може да тргне погрешно, ќе тргне погрешно" често ја покажува својата сила и на изборот на кошула и вратоврска. Токму многу комбинации и толку многу можности да се оплеска работата. Примерите ги гледаме често кај наши јавни лица, политичари, водители...

Економија на Игра на тронови

Без разлика што приказната ја водат змаеви, џуџиња, Бели одачи, многу кралеви и една кралица, во позадина има сериозна економија и банки кои владеат со светот под Железниот трон.

Ново од Монти Пајтон!

Имаме една добра и една лоша вест за Монти Пајтон. Добрата: првпат по 15 години имаат нова песна. Лошата: Го објавија денот кога планетава последен пат ќе може да ги види заедно во живо.

Што мислеле Кинезите за Римската империја?

Во третиот век од нашата ера Кинезите веќе биле запознаени со „стариот континент". Еве што напишал еден нивен неофицијален историчар, кој никогаш не ја напуштил татковината, но собрал голем број информации за земјите западно од Кина, односно за тогашното Римско царство.

Пип - шоу на норвешки начин

Норвешката телевизиска мрежа која се специјализира за разни форми на тн "бавна телевизија" има нов, урнебесно досаден концепт. Воаерисување на животот на една пердувеста банда.

Интелигенција на изволте

Од лицето на мажот може точно да се прочита колку е тој интелигентен. Од лицето на жената и понатаму не може ништо да се прочита и ќе остане така се до следната расправија кога ретроактивно и хронолошки ќе ти каже во лице се што си згрешил од претходната кавга до дента.

Флерт на научна основа

Не е важно колку си убав, важно е колку те бива за флертување, а тука тоа што се брои се насмевката и очите, и ова не е од "јас да ти кажам" муабети, туку на научна основа.