Вежбањето нема да ве спаси од тоа што по цел ден седите

Седењето во траење и форма како што го правите додека сте на работа е штетно по основа на тоа што е поврзано со рак, дијабетес и срцеви заболувања, ова го покажува анализа на 43 студии на темата.

Анализата ја прават од Универзитетот на Регенсбург, а во неа Германците истражуваат речиси 70.000 случаи на рак. Заклучокот е дека седењето е поврзано со:

- 24% зголемен ризик од рак на дебелото црево
- 32% зголемен ризик од рак на матката
и
- 21% зголемен ризик од рак на белите дробови

На сето ова дополнителен проблем е што негативните ефекти од седењето испитаниците не успеале да ги надоместат дури ни со исполнување на препорачаните нивоа на вежбање и физичка активност.

Главната поврзаност на седењето со здравствените проблеми е по две основи:

1. Седењето = дебелеење = зголемен ризик од рак
Кога седиш трошиш една калорија на минута. Дебелината е познат фактор за голем број болести. Ризикот од рак потекнува од тоа што дебелината предизвикува отпорност на инсулин и воспаленија во организмот, кои се два од многуте фактори што ја зголемуваат опасноста од рак кај дебелите.

2. Седењето = неактивни мускули = штетни биолошки сигнали
Седењето значи дека и големите мускули кои го поддржуваат држењето на телото, како квадрицепсот и глутеусот, не прават ништо. Кога се активни овие мускули создаваат голем број корисни молекули. Кога ќе седнеш се прекинува нивното производство.

Најчеста жртва на прекинатото производство е липопротеинската липаза, ензим кој според докторите работи како "правосмукалка за мастите во крвотекот." На експерименти со глувци кои биле неактивни 24 часа, производството на овој ензим паднало за 95%. Заради ова нивните мускули имале 75% намален капацитет за отстранување на штетни масти од крвотокот, а имале и пад на "добриот" холестерол.

Околу целиот проблем научниците се сигурни за две работи, прво, дека вежбањето нема да помогне да се поништат штетните ефекти од седењето, и дека единствен спас е да се прават паузи додека седите на работа. Она за што не се сигурни е на колку време треба да се прават овие паузи и колку треба да траат истите.

27 јуни 2014 - 12:05