Парфем со мирис на мишка

Уметнички концепот е ова, ама, ако некогаш стане комерцијален производ, автобусите на ЈСП можат да станат драгоцени рудници за суровина.

Луѓето користат парфеми и дезодоранси да ги маскираат мирисите на своите тела. Њујоршката уметничка од полско потекло Мартинка  Варжињак - скроз обратно.

Дипломатски кажано, нејзината колонска вода Eau de M е добиена од ароматични елементи на нејзиното тело.

На "Eau de M" не може да ѝ се приговори дека не е добиена од природни материјали а на Мартинка мора да ѝ се признае и дека доста се испотила додека го добила финалниот производ. Попат и проплакала бидејќи во шишето има мирисна нота на солзи а екстрактот содржи и мирис на нејзината коса. 

Во Harper's Bazaar, колонската вода е опишана како "уникатно и интензивно сензуално доживување кое потсетува на топол и влажен летен ден".

Хмм.

За да го добие потребниот репро-материјал, Мартинка со денови носела иста маица и притоа вежбала јога. За солзите пак, гледала цртани филмови од детството кое го поминала во комунистичка Полска.

Собирањето материјал траело цела година а во намерата да добие парфем ѝ помогнале група студенти хемичари кои под водство на својот професор успеале да го синтетизираниот нејзиниот арома отпечаток. Се работело за комплексен процес, велат лаборантите.

Не сме имале чест да го почувствуваме уникатниот мирис на Eau de M, но свенешто ни кажува дека мириса на испотена маица. Ќе биде голем ќеиф кога еден ден ќе гледаме наши како ги трошат тестерите по фри шопови.

29 јуни 2014 - 13:31