Така минатата недела Оливер имаше прилог за проблемите на ЛГБТ заедницата во Уганда, и како американските евангелисти ја играат клучната улога во воведувањето на драконските казни. 20-минутниот сегмент вклучуваше информации од Ал-Џезира, НПР, Кајзер Фамили фондацијата, ЦНН, МСНВЦ, Христијанската евангелистичка новинска агенција Свет, групата Политикал Рисрч Асошиејтс, како и интервју во живо со поборникот за ЛГБТ права во Уганда, Пепе Џулиен Онзиема. Плус на сето ова беше и Абрахам Линколн што игра брејкденс, чирлидерки и Статуа на слободата која излегува од торта.
Во изминатите недели Џон Оливер имаше:
- 13 минутен сегмент за "нет неутралноста."
- 16 минутен сегмент за проблемите на Др. Оз.
- 13 минутен сегмент за ФИФА и Светското првенство.
Оливер има јасна предност во однос на останатите телевизиски вести, пред се заради форматот и користењето на сатира. Што се однесува до конкурентите како Џон Стујарт и Стивен Колбер, неговата најголема предност е што шоуто оди на ХБО и нема реклами, што значи дека тој може да си ги дозволи 20-минутните клипови, без да стравува дека ќе биде прекинат или дека треба да работи во пократок формат.
"На Дејли Шоу, информациите и контекстот околу големите стории се таму за да и послужат на шегата. Јасно е дека инсертите и снимките од вести се користат за да се осигураат дека доволно добро ќе ја разберете сторијата за да може да се насмеете на шегата. Имам сомнеж дека Џон Оливер и неговите сценаристи може имаат прекрасна и сатирична субверзивна мисија: мислам дека тие го користат хуморот за да ви ја послужат сторијата," објаснува професорот по медиуми на Темпл Универзитетот, Пол Глук.
Иако е нормално да се најдат сличности со претходни шоуа од овој тип, Last Week Tonight, "им пркоси на сите сегашни норми. Шоуто ги надополнува исечоците со објаснувања, наместо да го остави видеото да биде осамен елемент на сегментот. Тоа верува во траењето на вниманието на својата публика, верувајќи дека гледачите на кои мобилните телефони и алерти постојано им го одвраќаат вниманието ќе останат до крајот на сторијата, се додека таа е информативна и интересна. Шоуто исто така верува дека луѓето ќе продолжат да гледаат дури и по цена да бидат вознемирени од темите кои се развиваат секоја недела."
"Во ера кога дури и најпознатите новини почнаа да се потпираат на меки интервјуа со ѕвезди и приказни за ужасни убиства, многумина можат да научат нешто од Last Week Tonight. Програмата ги привлекува луѓето со ветување за смеа, ама ги испраќа назад во светот со неочекуван елемент: знаење," пишува уредникот за телевизија во Варајети, Брајан Стајнберг.
Бонус, интервјуто со Стивен Хокинг: