Од двата одговора на американските потрошувачи не е точен ниту еден. Според американските правила за обележување на храната, зборот природно не значи ништо од ова.
Законот им дозволува на производителите на храна да го користат "природно" на своите етикети како доказ дека во производот не е додадено ништо вештачко или синтетичко "што вообичаено не би се очекувало да го има во храна."
Луѓето одговорни за контрола на храната, ФДА, имаат реагирано во неколку ситуации до сега, меѓутоа претежно кога компанија одлучила да го користи терминот "all natural," за производи кои содржеле вештачки вкусови или синтетички додатоци за продолжување на рокот на траење.
Во еден од последните случаи од годинава, ФДА не сакаше да даде одговор за неколку судски спорови во кои требаше да се утврди дали храната која содржи состојки од генетски модификувана пченка, може легално да се нарече "природна."
Во писмо до судиите, ФДА изјави дека одбива "во ова време да донесе одлука за тоа дали и под кои услови храната која содржи генетски модификувани состојки може или не може да биде обележана како 'природна.'"
Моментално пред конгресот е поднесен предлог законот за Безбедно и точно обележување на храната, од кој се очекува да одреди што навистина е природно за користење.