Суптилната арома на мисковина што ја има зрелиот патлиџан е резултат на енземска реакција која ја создава сулфрината арома. Токму оваа арома му го дава на патлиџанот вкусот што го очекуваме од него. Проблемот е што кога оваа арома ќе престане да биде суптилна и ќе почне да преовладува тогаш таа го создава мирисот на скапано по кој следува фрлање на патлиџанот (или ставање во манџа).
Во книгата On Food and Cooking, во која се даваат научни референци за работи што се случуваат во кујната, авторот Харолд МекГи, во име на вкусот праќа општа молба да се престане со ставање на доматот во фрижидер и наместо тоа да се чува (разумен временски период) на собна температура.
Според него тоа што ќе го ставите зеленчукот во фрижидер ќе го продолжи неговиот рок на траење, ама по цена на тоа што ќе престане да ги произведува ензимите кои ја создаваат аромата и ќе почне да го губи својот вкус.
Во книгата нема појаснето дали правилото уште важи откако ќе ја промените неговата агрегатна состојба и ќе го подготвите за салата.