Истражувачите од Универзитетот на Ватерло и Универзитетот Вилфрид Лориер направиле низа експерименти за да покажат кој е најдобриот начин за давање поддршка на луѓе со различни нивоа на самодоверба.
Во принцип постојат два метода - едниот е „позитивно врамување" или ставање на негативните настани во нивната „вистинска" преспектива. Но излегло дека овој воопшто не дава ефект кај луѓе со ниска самодоверба, та да има има обратен ефект, тие да почнат да се чувствуваат уште полошо затоа што не наоѓаат смисла во зборовите на „утешувачот", па дури и да се свртат против него.
Вториот метод е „негативна валидација" - кога на оној кого го тешите всушност му велите дека неговите/нејзините чувства, однесувања или реакции се нормални и соодветни за ситуацијата. Ова имало многу поголем успех кај луѓето со ниска самодоверба (оние со висока самодоверба и онака реагираат супер и на едното и на другото), кои тогаш почнуваат да учествуваат во муабетот, чувствувајќи дека некој ги разбира.
Веројатно знаете колку е тешко да излезеш на крај со некого кој едноставно одбива да се чувствува подобро. Во еден момент ти иде да кренеш раце и му потврдиш, дека да, животот е срање и дека сите ќе умреме, но дека тоа не е причина сега да не се напиете едно пиво. И види, излегува дека тоа може да биде подобриот начин, отколку да се кажуваат излитени фрази од типот „после дождот доаѓа сонце", во кое дури и оние посамоуверените помеѓу нас понекогаш имаат проблем да поверуваат.