Кинг Назир Мухамед а уметник, активист и самопрогласен "лезбејски Месија" кој стои зад досега најрадикалниот план за постигнување еднаквост меѓу половите.
Неговата логика- има логика.
1. Денешните машко - женски релации најмногу страдаат заради погрешната машка перцепција на тоа како треба да изгледаат тие односи.
2.Бидејќи денешните мажи се непоправливи (така се научени, така им одговара и сл), не постои друг начин освен светот да почека тие да изумрат.
3. Точката два ќе биде постигната во период од една до две генерации, период во кој жените колективно и акламативно ќе станат лезбејки.
4. Во тој период, жените ќе имаат можност да одгледаат саглам деца кои нема да бидат закоравени шовинистички свињи и на тој начин, за релативно кратко време ќе се добие квалитетна машка поулација.
Инаку самиот Кинг Мухамед е стрејтер (женет, има дете) и вели дека не му е најдраго да предлага хомосексуални решенија ама проблемот бил толку длабок што не постоело друго чаре, освен жените да ги прекинат сите емотивни врски со мажите и да почнат да ги користат предностите на вештачкото оплодување.
"Во денешните мажи постои некаква фабричка грешка. некаков всаден психолошки проблем кој ги тера постојано да ги повредуваат жените," оценува Кралот предлагач.