"Don't Put That in There!: And 69 Other Sex Myths Debunked," е книга на истражувачите со Аарон Керол и Рејчел Времан од Универзитетот на Индија. Ова се некои од митовите што ги имаат размислено.
1. Мажите сакаат секс многу, многу повеќе од жените
Комплетно грешна претстава која се објаснува со погрешно толкување на статистиките. Точно е дека над половина од мажите мислат на секс барем еднаш на ден, ама тоа значи дека има и уште една половина која не мисли на секс секој ден. Точно е и дека далеку помал процент од жените изјавиле дека мислат на секс барем една на ден (19%), "ама сепак збориме за барем еднаш на ден."
Исто така не е точно и дека жените имаат многу помалку секс од мажите. Во однос на тоа кој помалку има секс (по основа кога последен пат си имал) мажите и жените се приближно исти. Меѓутоа на другата страна, кој најмногу има секс, 5% од самите девојки на возраст од 18 до 24 години изјавиле дека 4 до 5 неделно имаат односи, наспроти само 2% од мажите.
2. Школките и чоколадите се афродизијак
Авторите се скептични околу ова прашање и сметаат дека има одреден плацебо ефект околу целата работа, заради кој луѓето веруваат дека ќе бидат сексуално возбудени од нешто.
3. Обрежувањето го затапува сексуалното чувство
"Принципот зад овој мит е дека кожичката на пенисот е многу чувствителна. Ако ја отсечеш, главата на пенисот цел живот ќе се трие од различни работи, и затоа може да ја изгуби чувствителноста," објаснуваат истражувачите.
Овој мит го поништува истражување во земји во кои голем број мажи беа обрежани заради спречување на ширење на ХИВ, што не предизвикало никакво намалување на чувствителноста.
4. Женска ејакулација
На темата има исклучително мал број на студии, и никој се уште нема дефинитивно утврдено што е течноста која излегува и дали тоа нешто воопшто се случува.
"Човек би помислил дека е лесно да се направи тоа (студијата), но сепак никој нема спроведено ваква студија. А да отидеш на интернет ќе најдеш еден тон докази дека ова се случува.
Имаше една вистинска студија која спроведе детална анализа, ама таа беше многу мала. Во неа учествуваа само 38 жени, и истражувачите не видоа испуштање на течност, па заклучија дека ова не постои. Ама, стварно? Не можат да вклучат интернет и да најдат некои што тврдат дека цело време ејакулираат и нив да ги студираат?"
5. Просечната големина на пенисот е 18 сантиметри
Прв проблем со ова е што постои голема разлика меѓу студиите кои ги прашуваат мажите колку им е голем пенисот и студиите кој ја мерат нивната големина.
Во првиот случај, просекот за пенис во ерекција е меѓу 15 и 16 сантиметри. Меѓутоа кога уролозите ќе фатат да мерат, просекот паѓа некаде помеѓу 12 и 13 сантиметри.
"Значи идејата за 18 сантиметри изгледа малку надуена."