Пол Велер:

Не ме занима што мислат луѓето

Во 1972 година ги формира The Jam, 10 години подоцна Style Council. Денес има 56 години, 7 деца и живее во Лондон со својата сопруга и синовите близнаци. Пол Велер. човек кој понекогаш гледа романтични комедии и лапа After Eight.

Кога си бил најсреќен?
Речиси секогаш сум среќен.

Што е твојот најголем страв?
Дека нема да живеам доволно долго да ги видам моите деца како растат.

Кое е твоето најрано сеќавање?
Мајка ми беше чистачка во џамијата во Воукен (неговиот роден град). Тоа беше првата џамија во Британија. Одев со неа кога чистеше.

Жив човек на кој најмногу му се восхитуваш, и зошто?
Дејвид Атенбороу. Бидејќи се држи до она што го сака и сè уште е страстен околу тоа. Нека е благословен.

Која твоја карактеристика најмногу ти пречи?
Емотивниот кукавичлук.

Кај другите?
Себичноста.

Освен имотот, која е најскапата работа што си ја купил?
Капут од овча кожа кој потоа го подарив на прекрасна жена.

Што е најскапоценото нешто кое го поседуваш?
Сингловите од Small Faces.

Што те прави нереќен?
Општата лакомост и луѓето кои не ја гледаат пошироката слика. Бескрајните војни. Гладувањето. Експлоатацијата.

Кога би можел да вратиш некој исчезнат вид, што би било тоа?
Птицата Додо. Би сакал да видам некој од тие ебачи на небото.

Кој би те глумел во филм за твојот живот?
Даниел Деј Луис.

Омилен збор?
Љубов.

Најлошто нешто што некој ти го кажал?
Дебелокожец сум јас, ме заболе патка што зборуваат луѓето.

Дали е подобро да даваш или да добиваш?
Зависи што добиваш.

Тајно задоволство?
Да се ушушкам со чинија After Eight чоколатца и да гледам романтични комедии. И кутија марамчиња, нормално. 

Што им должиш на своите родители?
Сè. Ми подарија живот и љубов.

Кој или што е најголемата љубов на твојот живот?
Жена ми Хана и моите деца.

Која фраза најчесто ја злоупотребуваш?
Одеби пиздо.

Најлоша работа која си ја работел?
На градилиште. Сфатив дека физичката работа не е за мене.

Што би сменил во своето минато?
Не би менувал.

Што сметаш за свое најголемо постигнување?
Моите деца.

Што те држи ноќе буден?
Моите деца.

Која песна да ти свири на погреб?
Темата од Summer Place, од Перси Феит.

Како сакаш да бидеш запамтен?
Не ми е гајле.

 

30 јуни 2014 - 12:35