Живот и забава

Светски пушачки бастиони се Македонија, Грција и Бугарија

Глобалниот процентот на пушачи драстично е опаднат како резултат на сите мерки кои се спроведуваат последните децении. На целата светска мапа постои само еден регион од кој и натаму озбилно се крева дим.

Инстаграм: Како се заработува 15.000 долари во еден ден?

Човек видел дека на сметка му останале само 90-тина долари. Решил да ги понуди за продажба сликите кои ги споделувал на фото сервисот ИНстаграм. Му тргнало.

Канада се сака со канадско порно

Канадскиот Совет за радио-дифузија работејќи по приоритети што треба да ги има секоја земја која држи до својот суверенитет, ги опомена тамошните телевизии дека им недостасува порнографија од канадско производство.

Пивскиот стомак на трудната жена

Хафингтон Пост загреба по таблоидното дно на американската сцена па ги потсети трендсетерите од тв шоуто Модна полиција дека не е лошо некогаш да се има усул.

Хард-кор економија

Ова е генијален метод на младите да им се приближи љубовта кон науката. Како да ги натерате да одгледаат некое досадно предавање? Ставете го на порно сајт.

"Јас сум горда Американка"

Американската водителка на телевизискиот канал Russia Today - America во живо даде отказ. Проблемот настана откако таа во програма ја осуди руската интервенција во Крим а надележните потоа и предложија да ја испратат деловно на Крим за да се запознае одблиску со ситуацијата.

Како индустријата за банани ја убива бананата

Сè што глобалното мнозинство денес подразбира под банана е од сортата Кавендиш. Феноменално добра сорта за одгледување (принос / цена / издржливост), чиј најголем проблем е што сите само нејзе ја садат. Сега оваа сорта ја фати болест која никој не знае како да ја излечи.

Чиш-та работа

Сан Франциско проблемот со мочање на јавни места го претвори во згодно решение. Или, како сред град можете да се олесните и со блажена фаца да си ја пеете: Градинарот цвеќето го расте.

Аман заман, не ги ставајте во фрижидер

Нема поголемо задоволство од тоа да загризеш домат, мирисен и месест, тукушто набран од бавча. И покрај привилегијата во земјава да имаме патлиџани на кои остатокот од светот ни завидува, некои од нас прават голема грешка чувајќи ги - во фрижидер. Еве ги научните аргументи зошто тоа не чини.

Секогаш нарачувајте голема пица

Мала или голема пица? Нема тука дилема. Не заради нечиј шумадиски апетит туку заради нормална влашка математика.

Америка изгуби на Оскарите

86-те Оскари имаа вкупно 24 победници на категории. Кога заврши делењето на наградите и ги преброија Оскаровците излезе дека вечерта повеќе не-Американци земале Оскари отколку Американци.

Сакам ликови чии опсесии можат да ме опијат

Оскаровецот Метју Мекконахи повлече уште еден мангупски потег со кој дополнително ќе ја подгрее фамата околу него: најави дека нема да се врати во двојката на True Detective. За себе, за Вуди Харелсон и за ликовите кои не можат да премолчат вистини, во интервјуто за Ролинг Стоун, човекот кој до пред некоја година беше неподнослив глумејќи кварцани ликови, а сега е прав правцат мадафака.

Од каде е скромноста во примањето Оскар

Иако природно е да се биде горд кога ќе добиеш награда (посебно нешто важно како Оскар), мнозинството од добитниците сакаат да го потиснат ова чувство чисто заради тие што изгубиле пред нивни очи.

Ова се Оскарите 2014.

И по доделувањето на 86-те Оскари на Американската филмска академија, сè е по старо: Леонардо Ди Каприо повторно остана без Оскар (браво за Мекконахи!) а интервјуата на црвениот тепих остануваат убедливо најдосадната работа која доаѓа од Холивуд.

Семпл е, ама комплициран

Култниот бенд од 90-тите, Де Ла Соул, реши да јa дигитализира целата своја музика и за Валентајн да им ја понуди на своите фанови бесплатно. Зашто поевтино е да не заработиш ништо отколку по судови да плаќаш милиони за секој што ќе си познае семпл во тојата песна.

Најголемите губитници и други работи околу Оскарите

Иако Мерил Стрип ни изгледа како семоќна кралица кога ќе се појави на Оскарите, жената нема ни една третина од номинациите на Богот на златните статуетки - Волт Дизни.

Како Хелветика го освои светот

Минатата недела почина Мајк Паркер, типографот кој е најзаслужен за промоција на фонтот кој стана дел од глобалната визуелна култура и чиј дизајн може да го препознае и ненавежбано око.

Разочарување на кој било ден

Што се однесува до корпоративните видови луѓе, стажантите се расата која никој не очекува да биде платена (дури ни самите тие). Во случај да се платени тоа се движи некаде на границата на греота. Наспроти оваа пракса се 25 компании кои на своите стажанти им даваат плата која вам би ви било незгодно да ја помислите.

Денот кога го збеснав Виктор Јанукович

Новинар на BBC се сеќава како се уплашил кога заради серија незгодни прашања, екс претседателот на Украина му заличил како на лик од филмовите на Скорсезе. И уште поинtересно, како ПР машинеријата на Јанукович подоцна успева да ја спинува приказната, и тоа во западните медиуми.

Не, Оскарите нема да имаат публика од 1 милијарда

На 2-ри март се одржуваат 86-те Оскари, до тогаш и деновите потоа ќе се раскаже цел список бројки, меѓу кои задолжително (како и во изминативе 30 години) ќе се спомне дека преносот го гледале над 1 милијарда луѓе. А не е така.

Како да се биде одговорен хранејќи богаташи?

Во мојата генерација не мислевме на обврски. Бевме во бизнис на пружање задоволства, и тоа беше тоа. Твојата единствена обврска беше да им овозможиш на муштериите да си поминат убаво по разумна цена. И никој не се секираше од каде доаѓа сосот од домати ако тој овозможуваше задоволство. Но, динамиката се промени.

70 милиони причини за на Булок да не и гајле за Оскарот

Договорот на Сандра Булок за снимањето на Гравитација е 20 милиони долари авансно, плус процент од заработката на филмот. До сега филмот заработи 700 милиони долари, а Булок околу 70.

Порно лига: Оскари

Порно ѕвездите не се некои посебни јасновидци (освен кога сабајлечки имаат некакво чувство дека дента ќе наебат), но ако еден орангутан со години успешно го предвидува исходот на американскиот Супербоул, зошто тие не би можеле да погодат кој ќе добие Оскар? Еве ги нивните тикети: 

Кога ушите те лажат

За илузиите обично виновни ни се очите. Меѓутоа, и ушите знаат- и тоа како - да не измамат. Знаете, сте слушале ваљда предизборни кампањи.