Постои цела студија на оваа тема заведена под наслов "Спонтаното заплеткување на вознемирените жици" (гладните по наука нека читнат овде), во која по 3.415 обиди се заклучило дека слушалки пократки од 46 сантиметри главно не се заплеткуваат но проблем се оние меѓу 46 и 150 сантиметри. Во секој случај, должината на гајтаните и зачестеноста на мрдањето се главна причина што тие се јазлосуваат.
Целата крива изгледа вака:
Не само што е јасен проблемот туку сега има и решение, понудено од професор од Универзитетот Естон во Англија, физичар кој во недостаток од коперниканска идеја, се занимавал научно со овој проблем.
По неговиот метод, пред да почнете да мотате, потребно е да ги сврзете двете слушалки и да ги закачите блиску до џекот.
"На овој начин се крати должината за 50 проценти и станува полесно да го согледате овој 3Д проблем, Второ, вака елеминирате два краја, а два краја се мајка на секој чвор," порачува професорот Роберт Метјус.
Графички: