Невролозите подолго време знаат дека човечкиот мозок слабо проценува растојанија но досегашните истражувања главно биле водени во затворени, артифициелни средини.
Во Универзитетот во Манчестер сакале да дознаат како работите стојат во реалниот свет па собрале 140 студенти од архитектура и утврдиле дека еден километар, бруцошите го проценуваат на 1,2 додека апсолвентите 1 км им се чини како 1,5 километри.
Оддалеченоста во нашиот мозок се зголемува поради тоа што со текот на времето, на рутата почнуваме да забележуваме сè повеќе поединости и како што деталите се кумулираат, растојанието ни се чини поголемо.
Истражувачите најавуваат дека во следната студија ќе се обидат да го расветлат фактот зошто одењето на некое место ни се чини пократко од враќањето од него.