Најскапите музички албуми во историјата

Аксл Роуз своевремено најави дека нивниот нов албум "Chinese Democracy" треба да биде најдобриот албум кој дотогаш го направиле. И дека не брзаат да постигнат совршенство. 14 години и 13 милиони долари подоцна, задоволни се.

Времето го потрошилe  бескрајни и безначајни трагања по некаква перфекција како и доста ексцентрични продукциски барања: на пример гитаристот Бакетхед да свири во кокошарник кој ќе мириса на автентичен кучешки измет (на Бакетхед, како и на Буковски, му се допаѓал тој мирис).

Времето поминало и на ригорозните права на вето. Меѓу другите, право на вето имал и спиритуалниот ментор на Аксл Роуз, Шарон "Јода' Мајнард кој морал да ја одбри секоја снимка, а во меѓувреме решиле и дека секоја песна од нивниот прв албум Appetite For Destruction мора да се пресними.

Постојат документи по кои продукциските трошоци за снимање се качиле на 13 милиони долари. Тоа се кумулираните хонорари за учесниците и за изнајмување студио и опрема. Членовите на бендот земале по 11.000 долари месечно, техничарите по 6, софтверскиот инжинер 25 сома месечно а студиото чинело 50К за еден месец. Тука се и ужасно скапите рентани гитари кои на крај испаднале поскапи отколку да се купат оригинал Лес Полки од 59-та.

За да заштеди пари, дискографската куќа Гефен рекордс едно време решила да му понуди на Аксл еден милион долари бонус ако успее да го заврши албумот во одредено време. Аксл го утнал рокот за 10 години.

Конечно, на 23 ноември 2008-ма година, албумот Cinese democracy го гледа светлото на денот. Наидува на мешани мислења а финансиски проаѓа млако.

Аксл подоцна ја обвинува дискографската куќа дека не посветила доволно внимание на неговата промовија.

Уште 14 скапи албуми - тука.

9 јули 2014 - 15:18