Минатата година Бенџамин Мазер (3-та година студент по медицина на Универзитетот на Рочестер) контактира со Медицинското здружение на Њујорк (сојузната држава), од каде што е лиценцата на др. Оз, и им дава предлог правила за регулирање на советите што познатите доктори ги даваат на телевизија. Неговата идеја е тие по тежина да се изедначат со сведочење пред суд.
Мазер објаснува дека голем број доктори се противат на работата на Оз, пред се затоа што "од прва рака имаат искуство со пациенти кои навистина го следат шоуто и му веруваат. Др. Оз ќе даде некој погрешен совет или нешто што нема научна основа. Ова може звучи банално кога се зборува за растителни апчиња и суплементи. Ама кога советот на докторот е спротивен со советот од др. Оз, пациентите му веруваат на др. Оз."
Предлогот на Мазер е прифатен на ниво на Њујорк во модификувана форма, пред се затоа што голем број од тамошните доктори се свесни за тоа што го зборува Оз, и знаат колку е штетнo: "Пациенти престануваат со земање на докажани лекарства во корист на 'природни' лекови што ги промовира др. Оз. Голем број од пациентите му веруваа на др. Оз, повеќе отколку на семејните доктори." Тој очекува дека правилата полека ќе се воведат на ниво на цела Америка.
Инспирацијата на Мезер за походот против Оз, е една пациентка на 60-на години, која ги имала сите класични американски болести (премногу дебела, дијабетес, срцеви заболувања). Таа ја гледа епизодата во која Оз ги промовира суплементите од зелено зрно кафе, и како во основа тие се магични за слабеење. Пациентката почнува да ги зема овие суплементи, и ги отфрла лекарствата за дијабет.
"Како лекар, што помисли кога слушна дека др. Оз вели дека верува во магија?
Движењето во медицината е кон медицина базирана на наука, бидејќи лекарите стотици години работеле по тоа што им кажува внатрешното чувство. Најголем дел од лекарите ќе се согласат дека само преку научен процес и докази моме да направиме големи разлики во здравствената грижа. Навредувачки е да се зборува за важни медицински прашања и лекови како тие да се нечие верување. Ова ја деградира целата работа што до сега е завршена," изјавил Мезер.
Инаку, ако го утнавте, Џон Оливер за др. Оз.