Бубашвабите (Blattella germanica) по природа се тивки суштества кои наместо со викање и расправии, во меѓусебните дискусии користат хемикалии и движења на телото а кога ќе налетаат една на друга, се препознаваат со помош на антените на нивните глави.
За експериментите на Слободниот Универзитет во Брисел била употребена група бубашваби ставени во голем тањир кој содржел три засолништа. По долги меѓусебни консултации, групата се распределувала во перфектни подгрупи.
На пример, ако имало 50 бубачки и 3 засолништа со капацитет за 40, колониите се делеле на две групи од 25 членови кои се спикувале во две од засолништата а третото останувало празно. Кога била направена промена на капацитетот за секоја од трите да собира повеќе од 50 бубашваби, целата група се населувала во првата куќичка.
"Бубашвабите се друштвени инсекти кои имаат корист од живењето во групи. Тоа ги зголемува нивните шанси за репродукција, споделување храна и засолниште и го спречува уништувањето на нивниот дом. И сето ова го постигнуваат благодарејќи на нивната демократичност," објаснуваат професорите од универзитетот.