Анализата на водичот покажува дека ЦИА верува во запирки, промовира "јасен и жесток" јазик "без жаргон." Меѓу насоките е дека "војна" треба да се пишува со големо в кога е некој бренд од војна, а со мало кога станува збор за необјавени војни (Виетнамска војна, Корејска војна...), исто така "американскиот империјализам" секогаш оди во наводници.
Други правила се:
- не застранувај од темата; изоставај го она што е неважно, без разлика колку е брилијантно.
- речениците и параграфите да бидат кратки, и со различна структура.
- биди штедлив во користењето на придавки и прилози; остави именките и глаголите да ја покажат својата моќ.
режим - има омаловажувачка конотација и не треба да се користат кога се зборува за демократски избрани влади, или, генерално, за влади кои се пријателски на САД.
tortuous - придавка, извртен, многу комплексен.
torturous - придавка, предизвикува тортура.
одреден број - фраза која е премногу непрецизна во некои контексти. Одреден број војници беа убиени. (Ако не знаеш колку, кажи непознат број.)
Lay, lie - Lay значи да се стави на место или да се подготви. И во минато и во минато свршено време е laid.
Disinformation, misinformation - disinformation се однесува на намерно подметнување на лажни извештаи. Misinformation има исто значење ама не ја носи истата негативна конотација.
Слободен свет - во најдобар случај е непрецизна ознака. Да се користи само за цитати.